Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: СДСМ поднесува и закон за враќање на достоинството на Собранието
Македонија

Филипче: СДСМ поднесува и закон за враќање на достоинството на Собранието

10/02/2026

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, најави дека покрај Законот за измена на Законот за минимална плата, пратеничката група на СДСМ и коалцијата ќе  поднесе и Закон за измена на Законот за административни службеници, со цел да се врати достоинството и независноста на законодавниот дом.

„Ќе поднесеме Закон за измена на Законот за административни службеници, кој што власта го смени пред некое време и со која што измена вработените во собраниските служби ги стави на ниво на сите административни службеници, со што платата им се намалува за 30%. Сметаме дека на тој начин сериозно се компромитира независноста на Собранието“, изјави Филипче.

Притоа, Филипче потсети дека во мандатот на владата на СДСМ беше обезбедена финансиска и институционална независност на Собранието и беше зачуван дигнитетот на вработените во Собранието.

„Ние во нашиот мандат прво обезбедивме независно буџетирање. Буџетирање не да зависи од Министерството за финансии, туку тука буџетски совет на Собранието којшто одредува колкав треба да биде буџетот и соодветно поголеми од целата друга администрација плати за 30%, поради тоа што овие вработени во Собранието мора да работат со дигнитет, мора да имаат чувство дека работат во посебна независна власт, поради тоа што сите политики се креираат во овој законодавен дом“, рече Филипче.

Тој додаде дека со последните измени направени од власта, на вработените во Собранието им се одземаат стекнати права кои ги заслужуваат со својата работа.

„Сметам дека не е коректно да им се одзема тоа што им е дадено на луѓето, посебно што тие луѓе со својата работа тоа го заслужуваат“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче упати апел до сите пратеници да дадат поддршка за измените со кои ќе се вратат платите и дигнитетот на собраниските службеници.

„Очекувам од сите пратеници да поддржат и оваа измена на Законот за административни службеници, со што повторно вработените во Собрание ќе ги добијат зголемените плати, како што тоа беше до измената којашто оваа власт ја направи пред некое време“, рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy