Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си!
Македонија

Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си!

15/10/2025

AA

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска јавно се дистанцираше од поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, по објавата на фотографии од ресторан во Охрид на кои Црвенковски е во друштво на политички противници.

„Можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.

На фотографиите, Црвенковски е виден во ресторан со градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, и пратеникот Саше Донев од истата партија. На една од фотографиите на масата се присутни и газдата на фирмата „Пупе компани“. На друга фотографија, Црвенковски е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска.

Според медиумските извештаи, ова не е прва средба на Црвенковски со Пецаков, а претходно наводно имало уште две средби во куќата на семејството на Црвенковски во Слатино, Охридско.

Медиумите шпекулираат дека на средбите Црвенковски наводно побарал и договорил Пецаков да заврши работа за негов пријател бизнисмен, а за возврат Црвенковски да му обезбеди поддршка за претстојните локални избори.

Фотографијата со Горговска била објавена од самата носителка на нејзиниот Фејсбук профил. Од почетокот се шпекулира дека зад формирањето на партијата ЗНАМ стои Црвенковски.

Бранко Црвенковски претходно јавно го замрзна членството во СДСМ, партија на чие чело долго време беше незадоволен и револтиран од политиката на тогашниот лидер и премиер Зоран Заев, особено во врска со односите со Бугарија и интервјуто на Заев за бугарски „Бгнес“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy