Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФЕРОИНВЕСТ ПОЧНА СО ИЗВЕДБА НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ ЗА ДОМАЌИНСТВА, ДО 98 ОТСТО ПОМАЛИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА
Економија

ФЕРОИНВЕСТ ПОЧНА СО ИЗВЕДБА НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ ЗА ДОМАЌИНСТВА, ДО 98 ОТСТО ПОМАЛИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

25/08/2024

AA

ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба на Батериски системи за домаќинства, како начин за драстично намалување на месечните сметки за електрична енергија на домаќинствата кои имаат голема потрошувачка.

Со батерискиoт систем на ФЕРО ИНВЕСТ, кој содржи интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, објектите стануваат независни од електричната мрежаи имат напојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата.

Како функционира системот?

Софтверското решението на ФЕРО ИНВЕСТ, кое е сопствено дело на инженерите на компанијатаи е развивано во последните две години, во моментот претставува единствен модел за правилно дневно распоредување и целосно искористување на вишокот електричната енергија добиена од сонце, со што батерискиот систем работи според потребите на корисникот и остварува најголеми заштеди. Софтверското решение може да се примени на домаќинства, комерцијални згради, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.

Фотоволтаични панели поставени на објектот се поврзуваат со батерии и заедно севрзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторингна ФЕРО ИНВЕСТ.

Решението обезбедува енергетска независност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користиза неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, наместо да се влече електрична енергија од мрежа, секористи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникот постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда.

Големи заштеди и енергетска независност

Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем со вклучено софтверското решение на ФЕРО ИНВЕСТ, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%.

Нашата компанија веќе има инсталирано батериски системи во објекти, со кои се докажа дека домаќинствата може да бидат над 90%енергетски независни од мрежата.

Домаќинствата кои со својата потрошувачка го надминуваат Блок 2 и влегуваат во Блок 3 и Блок 4, а особено оние на кои значаен дел од потрошувачката им е во Блок 4, се домаќинствата кои ќе имаат најголема корист од батериските системи. ФЕРО ИНВЕСТ нуди батериски системи и за домаќинствата кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични панели, аза оние кои немаат, ФЕРО ИНВЕСТ нуди „клуч на рака”решение и изведба и за фотоволтаиците.

Систем креиран посебно за секој потрошувач

Системот се прилагодува на потребите на корисникот, и батеријата се сетира да дава енергија според приоритетите на потрошувачка кои ќе ги избере корисникот, се’со цел што помалку или воопшто да не се повлекува енергија од мрежата.

Најголемите поволности од системот се големата заштеда, односно потрошувачот е заштитен од високи сметки, како и енергетската независност на објектот.

Препознавајќи ја важноста која оваа инвестиција ја има за енергетската транзиција, банкарскиот сектор е отворен за кредитирање на овие инвестиции, како со домашни средства, така и со посебна кредитна линија на Европската инвестициска банка преку македонските банки.

ПР објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy