Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети“: Божиновска од конференција за чиста енергија
Економија

„Фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети“: Божиновска од конференција за чиста енергија

09/10/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и
минерални суровини Сања Божиновска учествува на дводневната Конференција за чиста и безбедна енергија. 

Во улога на говорник, министерката се обрати во програмата за министерски забелешки на
која се дискутираше за предизвиците на регионот од Балканскиот полуостров до
Централна Азија, на патот кон зелената транзиција, креирање поволни политики кон изградба на нови обновливи извори и
енергетската безбедност.  

– Земјите од регионот вклучувајќи ја и Македонија
решително чекорат кон енергетската транзиција. 
Напорно работиме целосно да го усогласиме домашното законодавство со
европските регулативи. Подготвуваме фер
пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети,
целиме кон нови технологии, но огромен  стратешки приоритет е изградбата и
диверзификација на нови обновливи извори во државна сопственост. Она што во
наредниот период дополнително ќе се посветиме е подготовка на терен за изградба
на батерии за складирање на произведената енергија од обновливи извори 
–  рече Божиновска.

Божиновска нагласи дека не постои држава во Европа што не ги чувствува
последиците од украинско- рускиот конфликт кој претстојнава зима може да се одрази
 на пазарот за гас и електрична енергија
и директно да влијае на глобалната енергетска безбедност.

– Значителното штета која во текот на воените дејства ја
претрпи енергетската инфраструктура на Украина, и потребата на земјата од
електрична енергија претстојната зима, може 
да ги раздвижи цените на енергентите на европскиот пазар. Затоа очекувам
дека оваа конференција  ќе продуцира заклучоци
и пораки врз кои ќе се креираат дополнителни превентивни политики на сите засегнати
држави од регионот, во соработка со Соединетите Американски Држави како  наши стратешки партнери 
– подвлече Божиновска.  

Во истиот дел од програмата, 
Божиновска се обрати заедно со своите колеги Ахмет Берат Чонкар, заменик министер за енергија и природни ресурси на Турција,
Џефри Р. Пајат, помошник државен
секретар за енергетски ресурси во Стејт департментот на САД,  Камал
Мохамад Салих Калил
, министер за електрична енергија и вд министер за
природни ресурси во Курдистански регион во Ирак, потоа Џорџ-Сергиу Никулеску, претседател на Романското регулаторно тело
за енергетика (ANRE), Берис Екинџи,
турски заменик министер за надворешни работи и 
Метју Болдвин,
заменик-генерален директор во Генералниот директорат за енергија при Европската
комисија.

Конференцијата во организација  на Програмата на
Атлантскиот совет за Турција,  во партнерство со Глобалниот енергетски центар
, собра министри, функционерина високо ниво, лидери во  приватниот сектор и експерти од целиот регион,
како и од трансатлантската алијанса. Во дискусиите на
конференцијата,  се разговараше и
за регионалните
проекти, со акцент на  Средниот
коридор кој подразбира намалување на зависноста на регионот од руски
гас,
како и регионалните безбедносни и геополитичките прашања од Украина до Блискиот
Исток и изборите во САД.

Се очекува дводневниот настан  да
ги означи следните чекори за унапредување на чистата енергија, зајакнување на
енергетската безбедност и поттикнување на декарбонизацијата во енергетски
систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy