Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Сватовите на Али Ахмети со најголеми добивки од бизнисите во Кичево
Економија

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Сватовите на Али Ахмети со најголеми добивки од бизнисите во Кичево

30/05/2024

AA

АС Сењак, фирмата на Салаудин Арифи, познат уште и како сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е компанијата со најголема добивка за 2023 во Кичево.

Оваа компанија поседува акции во АД Европа, а минатата година го купи мнозинскиот дел од мелницата Жито Караорман.  АС Сењак има раширена мрежа на нискоградба. Има и подружница во скопски Сарај за трговија на големо со храна и пијалоци. Минатата година ги продаде своите акции во „Жито Полог“. Добивката е зголемена за 89 отсто, а фирмата официјално имала 27 вработени. Долговите на фирмата се околу 4,65 милиони евра.

Во Топ-5 фирми со најголема добивка во Кичево е и фирмата за трговија Дукла, на Љуљзим Арифи, братот на Салаудин Арифи. За оваа компанија беше објавено дека под претходното име „Шел оил“ ја преземала бензинската пумпа на влезот во Кичево позната како „Повер петрол“. Поседува уште една бензинска пумпа во Тетово. Покрај тоа што тргува на големо преку магацин, има и два маркети за малопродажба во Кичево. Има 43 вработени, годишен приход што се движи кон 10 милиони евра, но и долгови кои на крајот од минатата година биле над 3 милиони евра.

Во „петорката“ е и Марготри Груп на Горан Трипуноски, која го поседува хотелот „Голден Вку“ во рамки на комплексот „Парк “ на охридското крајбрежје. На истата оваа адреса инаку свои бизнис активности има и Зоран Милевски – Кичеец. И оваа фирма има долг –  од 1,5 милиони евра во 2023, година која е завршена со 7 вработени. Марготри Груп го поседува и хотелот „Кичево“.

Една од поголемите добивки ја има и агенцијата за обезбедување 2 СС, позната по тоа што неславно ја обезбедуваше контролата на летање на „Македонски навигации“ на скопскиот аеродром кога упаднаа лица поврзани со политиката за да се пресметуваат со незадоволни синдикалци. Компанијата на Самир Билбилоски, освен М-НАВ, има договори од јавни тендери и со други институции. Има 218 вработени и раст на добивката од 108 отсто, а на приходите од 54 отсто.

Во петте најголеми кичевски друштва по остварен профит е и јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“.     А.К. 


Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице

18/10/2026
Македонија

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА

18/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното

18/10/2026
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46229
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице место

18/10/2026

Маж од Гостивар синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа во селото Долна Бањица. „На 17.10.2026 година во 22:55 часот, во

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА ВО МАКЕДОНИЈА Потребата за лекување

18/10/2026

  СДСМ како адвокат застана во одбрана на Ива Михаилова, која избега од судски процес поради извештај направен од другарот

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното дуо Заев-Филипче

18/10/2026

Дали има нешто во кое не се вмешани Зоран Заев и Венко Филипче, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „За случајот со Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy