СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице место
Маж од Гостивар синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа во селото Долна Бањица.
„На 17.10.2026 година во 22:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено во с. Долна Бањица се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од И.М.(59) од Гостивар, излетало од коловозот, удирајќи во бетонски ѕид. Во 23часот од страна на дежурен лекар била констатирана смрт“, соопшти полицијата.
По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, се додава во соопштението.
.
Извор: plusinfo.mk