Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Фирма која увезува јаглен за РЕК Битола со најголема добивка помеѓу новорегистрираните компании
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Фирма која увезува јаглен за РЕК Битола со најголема добивка помеѓу новорегистрираните компании

27/05/2024

AA

Никопоулос од Битола, една од неколкуте фирми за која беше обелоденето дека добиле тендер од АД ЕСМ за увоз на јаглен за потребите на РЕК Битола, е најуспешна по остварена добивка за 2023  помеѓу компаниите кои се регистрирале како нови во текот на истата година. Станува збор за компании кои не биле постари од една година пред да го пријават првиот профит.

Фирмата која носи грчко име била формирана само два месеци пред објавување на повикот. Но, тоа не било пречка да ја добие набавката на 160 илјади тони јаглен тешка 11 милиони евра. Нејзин сопственик е Евганелос Ницоуполос од Флорина. Дејноста и е трговија на големо со цврсти течни и гасовити горива и слични производи. Директорка е битолчанката Ивана Алексовска. Јагленот се носел од Албанија и Грција.

Втор помеѓу регистрираните компании во текот на 2023 со најголема добивка е Тотал Коп, компанијата за транспортни услуги на Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев. Тотал Коп истовремено е меѓу најуспешните бизниси по остварена добивка воопшто во Струмица.

На третото место е аутсорсинг компанијата Олив Рекруит од секторот за „стручни, научни и технички дејности“. Во сопственост е на британската компанија „Олив Џобс“, специјализирана за унапредување на човечките ресурси и е дел од групацијата Catalyst Care Group која се состои од 10-тина брендови. На крајот на минатата година Олив Рекруит имала само 8 вработени.

Потоа следува Премиум Логистик Сервис за копнен транспорт и складирање во Штип, со една подружница и во Радовиш. Во сопственост е на Ташко Штерјов и има 37 вработени.

Последна од Топ-5 лигата е Елмитут-Комерц за трговија на големо и на мало со моторни возила. Фирмата ги задржала речиси сите приходи во текот на 2023 како добивка, а бројот на вработени е непознат. Струмичката фирма е во сопственост на извесен Азат Шаин.                                                                                                                               А.К.


Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
Македонија

АЛБАНИЈА ПРОГЛАСИ „НОН ГРАТА“ ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ: Валон Беља и

04/08/2026
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од

04/08/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СТРУГА: Приведен 52-годишник поради вербални навреди врз

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44848
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат со крем за сончање

04/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итно предупредување и апел до родителите за преземање дополнителни превентивни мерки за заштита на

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува исплатата на еднократна финансиска поддршка за лицата кои се лекуваат од

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев

04/08/2026

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy