Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Две фирми наплатиле 35 милиони евра од изградбата на пругата кон Бугарија
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Две фирми наплатиле 35 милиони евра од изградбата на пругата кон Бугарија

11/06/2024

AA

Дека нешто се работело на изградбата на пругата кон Бугарија, како дел од проектот за поврзување преку коридорот 8, покажуваат финансиските активности на изведувачите чии фирми во 2022 беа ад-хок формирани за работата на овој проект.

Подружница на австриски „Штрабаг“ и подружницата на турски „Гулермак“, регистрирани за изградба на железницата, наплатиле приходи од вкупно 35 милиони евра за оваа активност во текот на минатата година. Двете фирми се изведувачи кои во 2022 беа избрани и го потпишаа договорот со јавното претпријатие за железничка инфраструктура, додека финансирањето оди главно преку Европската банка за обнова и развој.

Наменски отворената подружница на „Штрабаг“ во својата прва година на целосно работење, според податоците на „Централен регистар“, остварила приходи од 20 милиони евра во 2023. Тие се за 442 отсто поголеми во однос на една година претходно. Загубата од минус 33.264 денари е минимална во првата целосна година на работење, а бројот на пријавени работници е непознат.

„Гулермак“ има пријавени приходи од 14,8 милиони евра, кои се зголемени за 1.998 отсто. Пријавена е загуба за 2023 од 640.000 евра. Евидентирани биле 161 работник, но и задолжување од 8 милиони евра.

Од работата на делницата Куманово – Бељаковце, според објавениот бизнис-план на МЖ Инфраструктура, до крајот на 2023 биле завршени 70 отсто од рехабилитацијата и изградбата. Досега за двете фази од оваа делница биле потрошени 52,5 милиони евра со помош на кредитирањето од ЕБОР.

За втората делница Бељаковце – Крива Паланка, од 2022 кога се потпишани договорите со двата изведувачи, потрошени се 21 милиони евра, од кои дел се кредит, а дел грант од ЕБОР., според она што го пишува во бизнис-планот на јавното претпријатие.

За последната делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која е најскапа според бизнис планот, обезбедени се 385 милиони евра од неколку кредитори, но во 2023 немало градежни активности во оваа фаза и договорите со изведувачите треба допрва да се потпишат. На крајот на 2023 беше објавен тендерот за избор на изведувач на третата делница, а во тек беше процесот за избор на надзорен инженер и на консултант за техничка помош на инвеститорот (ЖРСМ Инфраструктура).

– Железницата и натаму останува главен двигател на економијата, па затоа фокусот за иднина се инвестициите во модерна железничка мрежа. Инвестираме во нејзината модернизација, а градбата на Коридорот 8 претставува вистински архитектонски предизвик. До 2030 година ќе биде готова и пругата кон Бугарија, финансиите во висина од 780 милиони евра се целосно заокружени, гласи последната изјава во април на Зоран Трифуновски, директорот на МЖ Инфраструктура.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАРОДНАТА БАНКА ПОДНЕЛА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ И ПРОТИВ ЖЕРНОВСКИ

11/11/2026
Македонија

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба

11/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за

11/11/2026
Македонија

СУБХИ ЈАКУПИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ СУД Јошевска му

11/11/2026
Македонија

САКАЛ ДА КУПИ „АУДИ А5“ ОД ГЕРМАНИЈА, НО БИЛ ИЗМАМЕН

11/11/2026
Македонија

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по

11/11/2026
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46719
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАРОДНАТА БАНКА ПОДНЕЛА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ И ПРОТИВ ЖЕРНОВСКИ Пријавите се поврзани со случувањата

11/11/2026

Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле кривична пријава против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и против генералниот секретар на

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба од 24%, а опозицискиот СДСМ

11/11/2026

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните, откриваат трите анкети спороведени во октомври, информираше денеска на брифинг со новинарите

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за трите блока на РЕК Битола,

11/11/2026

Растот на цените на енергенсите и притисокот врз инфлацијата создаваат ризик од нова енергетска криза, која веќе се чувствува во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy