Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европски Сојуз за Промени: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот
Македонија

Европски Сојуз за Промени: ДУИ призна дека казино бизнисот им е најголемо достигнување во мандатот

07/02/2024

AA

Од Европски Сојуз за Промени велат дека денес добиле уште една потврда дека ДУИ се во огромна паника.

„Стравот од кривична и политичка одговорност за сторениот криминал ги тера очајно да се обидуваат да си ја одлепат етикетата дека станаа казино партија.

Иронија е што Артан Груби се обидува криминалот со казино бизнисите да ги претстави како политички триумф на ДУИ. Не постои поголем срам за Али Ахмети кога влезот на српското мафијашко подземје во интернет коцкањето благодарение на жртвеното јагне Перпарим Бајрами се претставува како врвен политички дострел. Ова е дно за ДУИ кој од партија која се бореше правата на Албанскиот народ се сведе на пералница на валкани пари.

Албанскиот народ знае дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е само мамка за да се скријат законските одредби кои треба му овозможат на Груби да си ги полни џебовите со народни пари.

Во последните 4 години за ВЛТ апарати Груби расфрли 40 милиони евра. Само во еден ден пред формирањето на Техничката Влада купи ВЛТ апарати за 12 милиони евра. Наместо учебници, училишта, амбуланти, болници, спортски сали и други стратешки објекти, парите се потрошија на труење на нашите деца и млади.

Артан Груби ќе остане запаметен дека со негов печат се отворија три фирми за интернет коцкање со што му го донесоа злото на народот дома. Младите преку мобилните телефони стануваат потенцијални жртви на алчноста на казино фирмите кои се ортаци со ДУИ.

За сите овие гревови ќе следи политичка и кривична одговорност. Европскиот Сојуз за Промени после 8 мај ќе донесе нов закон со кој сите форми на игри на среќа ќе бидат затворени“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45188
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026

Бројот на пожари на отворен простор во земјава продолжува да расте. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026

Големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица продолжува да се гаси, а во интервенцијата е вклучен и еден

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош за колегите

22/08/2026

Голема штета е предизвикана врз пчеларници во прилепскиот регион, каде во пожар целосно изгореле четири поголеми пчеларници, како и неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy