Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европска конвенција на шефови на полиции: Македонија успешно се справува со криумчарите на мигранти
Македонија

Европска конвенција на шефови на полиции: Македонија успешно се справува со криумчарите на мигранти

27/09/2023

AA

Делегацијата од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, на 26 и 27 септември, во седиштето на Европол во Хаг, Холандија учествуваше на Европската конвенција за шефови на полиции 2023 година, осмислена како панел дискусии на актуелни теми кои што претставуваат предизвик земјите од Европа.

Организираниот криминал како фактор за дестабилизација на нашето општество, динамичното темпо на евалуација на сајбер криминалот, како и предизвиците од нелегалната миграција беа главни теми за дискусии за време на дводневната конвенција.

Во рамки на Европската конвенција, директорот Тасевски, како што инфромираат од МВР, остварил и билатерална средба со извршниот директор на Европол, Катрин Де Бол, на која се дискутираше за моменталната успешна стратешка и оперативна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Европол. Де Бол го истакна успехот во борбата против криумчарењето на мигранти со оглед на намалениот проток на илегални мигранти низ територијата на РСМ. Директорот Тасевски ги објасни начините на кои македонската полиција се справува со криумчарењето на мигранти и упати благодарност до Европол во однос на оперативната поддршка што ја добиваме во борбата против недозволената трговија со дрога и борбата против тероризмот. Де Бол и Тасевски потенцираа дека и во иднина ќе работат на јакнење на оперативната и стратешка соработка.

Директорот Тасевски оствари билатерални средби и со директорите на полициите на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија. На средбите, се вели во соопштението, бил ставен акцент на најновите миграциски текови, територијалната застапеност на Фронтекс, заедничкиот пристап кон спречување на криумчарењето на мигранти, како и заложбите на регионот да се стават под контрола организираните криминални групи, кои претставуваат закана за безбедноста на земјите од Западен Балкан. Заедничка констатација беше дека соработката е на завидно ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45860
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски

29/09/2026

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ ОД ГРЦИЈА Радев се

29/09/2026

Останките што му се припишуваат на цар Самуил наскоро би можеле да го напуштат Солун, повеќе од половина век откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy