Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КОЛКУ Е БОГАТ МИЛАН РАДОИЧИЌ ВО СРБИЈА – поседува пет фирми, хотел, вила, но не му недостигаат ни тендери
Регион

ЕВЕ КОЛКУ Е БОГАТ МИЛАН РАДОИЧИЌ ВО СРБИЈА – поседува пет фирми, хотел, вила, но не му недостигаат ни тендери

10/10/2023

AA

Пет фирми, деловни простории, хотел на Копаоник, вила во елитен дел на Белград – сето ова во Србија официјално е во сопственост на Милан Радоичиќ, покажува истражувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Радоичиќ, кој јавно ја презеде одговорноста за вооружениот напад на косовската полиција во селото Бањска, сопственоста на тој имот ја дели со бизнисменот од северот на Косово Звонко Веселиновиќ и неговиот брат Жарко.

Само во 2022 година компаниите кои работат на нив заработиле над 24,5 милиони евра, податоците се од финансиските извештаи кои ги анализира РСЕ. Тоа беше нивната заработка по оданочување.

Беа склучени вредни договори со државата – градовите во Србија и разни јавни претпријатија.

Така, работата за изградба на мост кај Краљево, за околу еден милион евра, била договорена со нивната компанија три дена по вооружениот напад на северот на Косово.

Владата на Србија и надлежното министерство не одговорија на прашањата на РСЕ врз основите на кои фирмите на Радоичиќ и браќата Веселиновиќ ги добија тендерите до објавувањето на текстот.

Нема одговор ниту на прашањето дали е прекината соработката со државата откако Радоичиќ беше идентификуван како организатор на нападот во Бањска.

Компаниите во сопственост на Веселиновиќ и Радоичиќ не одговорија на прашања за работењето и имотот.

Радио Слободна Европа

Фото: Принтскрин Алџезеира

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
Македонија

Мицкоски: Бугарија да постапи соодветно и да ни го екстрадира

02/09/2026
Македонија

Додека се гасне пожарот кај Селце, фатени тројца дрвокрадци во

02/09/2026
Македонија

Пожарот од Косово се движи кон Грачани – ангажирани „ер-тракторите“ на

02/09/2026
Македонија

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома,

02/09/2026
Македонија

Арљинда Хасани Синани именувана за нова вицегувернерка на Народната банка

02/09/2026
Македонија

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45404
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026

На ден 02.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни,

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку пожари низ земјата

02/09/2026

Скопските пожарникари успеаја да го запрат огнот и да спречат тој да навлезе во скопското село Грачани, откако огнена линија

Мицкоски: Бугарија да постапи соодветно и да ни го екстрадира Михаилов

02/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да го екстрадира таткото на Ива Михаилова, кој се бара со македонска потерница за издржување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy