Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ подготвува измени на правилата за долгорочен престој на државјани од трети земји
Македонија

ЕУ подготвува измени на правилата за долгорочен престој на државјани од трети земји

24/11/2023

AA

Комитетот на постојани претставници земјите членки на ЕУ ги утврди ставовите на Европскиот совет во однос на предложените измени на Директивата за жителство, во делот на регулирање на условите под кои државјани на трети земји можат да добијат дозвола на долгорочен престој во Унијата.

Според шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез можноста за добивање дозвола за престој на подолг рок е од суштинско значење за оние кои легално живеат во ЕУ.

– Тоа претставува важен стимул за студирање или работење, како и целосно интегрирање во нашите општества, потенцира Гомез.

Согласно Директивата, за добивање на дозвола за долгорочен престој во ЕУ, државјаните на трети земји треба легално и континуирано да престојуваат во земја членка најмалку пет години. Со предложените измени се овозможува акумулирање на периодот на живеење во членките на ЕУ, така што во неопходните пет години престој за добивање на дозволата во една земја ќе може да се смета и легалното престојување до две години во друга членка на блокот. При тоа, како важечки легални документи единствено се прифаќаат т.н. „Европска сина карта“, односно Единствената дозвола (за престој и работа), и Дозволата за работа на висококвалификуван кадар.

Покрај оваа измена, за добивањето на дозвола за долгорочен престој апликантите по потекло од трети земји ќе мора да докажат дека имаат стабилни и редовни приходи кои се доволни за да овозможат издржување за себеси и за членовите на нивното семејство, како и здравствено осигурување.

Дополнително, на членките на ЕУ им се остава правото од државјаните на трети земји да бараат почитување на условите за интеграција во општеството.

Добиената дозвола за долгорочен престој во ЕУ се предвидува да биде трајна, но може да биде одземена доколку лицето одреден временски период повеќе не живее во Унијата.

Лицата кои имаат дозвола за долгорочен престој во ЕУ ги уживаат истите права како и државјаните на Унијата во однос на пристапот до вработување, образование и стручна обука и даночни бенефиции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy