Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК – Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА
Економија

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК – Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

26/03/2025

AA

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави портпарол на ЕК. 

– Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА – информира портпаролот. 

Според податоците на Генералниот директорат за трговија и економска безбедност на Европската комисија, во 2023 година увозот на челик и железо во ЕУ од Македонија достигнал 376 милиони евра, што претставува намалување за 34,8 проценти во споредба со претходната година. На челикот и железото отпаѓа 5,6 отсто од вкупниот пласман на македонски производи на пазарите во ЕУ. 

Во 2023 година, Унијата увезла 26 милиони тони производи од челик, од кои 16 милиони тони потекнуваат од Азија, пред се од Јужна Кореја, Индија, Тајван и Кина, како и 7,2 милиони тони од „европски земји кои не се членки на ЕУ, од Заедницата на независни држави и од Турција“. 

Една година пред тоа, во 2022, во ЕУ се увезени челични производи во вредност од 28,9 милиони тони, од кои 14,94 милиони тони од Азија и 11,25 милиони тони од земјите на Европа кои не се членки на Унијата. 

Кога станува збор за извезените производи од жица, железо или челик од земјава во ЕУ, нивниот обем во 2022 година достигнал 395,4 милиони долари или 415.848 килограми. Најголем увозник на македонски производи од жица, железо или челик меѓу членките на ЕУ била Бугарија во износ од 383,96 милиони долари или 351.505 килограми, што претставува речиси 85 проценти од вкупните количини на овие стоки извезени од земјава во ЕУ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија вчера донесе одлука за заострување на заштитните мерки за челичната индустрија во ЕУ, како резултат на зајакнатиот притисок предизвикан од заситеноста на глобалниот пазар на челик, зголемениот извоз од Кина и создавањето трговски бариери на клучните пазари, како американскиот.  

Тие засилени мерки, меѓу другото, предвидуваат ограничување на количеството на челик што може да се увезува во ЕУ без царини, како и укинување на можноста за странските извозници за искористување на неискористените квоти за извоз на други држави. 

Најголемиот број од новите мерки ќе стапат во сила на 1 април 2025 година, освен две – за намалување на темпото за либерализација на увозот од 1 на 0,1 отсто и за укинување на можноста за користење на неискористените количини, кои ќе почнат да се применуваат од 1 јули. Овие заштитни мерки за челикот ќе бидат со важност до 30 јуни 2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден

21/07/2026
Македонија

Над 1.000 повици на 112 по силното невреме во Скопје:

21/07/2026
Македонија

Ветерот во Скопје достигнал до 90 километри на час, деветти

21/07/2026
Македонија

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со

21/07/2026
Македонија

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај

21/07/2026
Македонија

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани –

21/07/2026
Македонија

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме во Скопје, летна покрив од зграда во

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44531
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден повреден од паднато дрво, друг

21/07/2026

Вкупно 11 лица побарале медицинска помош по силното невреме што попладнево го зафати Скопје. Според последните информации, шест пациенти се

Над 1.000 повици на 112 по силното невреме во Скопје: Паднати кровови, дрвја и оштетени

21/07/2026

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани преку Единствениот број за итни повици 112 поради последиците од силното невреме

Ветерот во Скопје достигнал до 90 километри на час, деветти степен според Бофоровата скала

21/07/2026

Силно невреме проследено со олуен ветер, пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Скопје. Според ексклузивните податоци од мерната станица

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy