Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ескобар: ЗСО веднаш да се имплементира, европскиот предлог не значи меѓусебно признавање
Македонија

Ескобар: ЗСО веднаш да се имплементира, европскиот предлог не значи меѓусебно признавање

28/02/2023

AA

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека Заедницата на српските општини треба веднаш да се имплементира, како што е договорено. Toj во аудио интервју од Брисел рече дека европскиот предлог за Косово не е за меѓусебно признавање, туку за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, јави РТС.

– Важно е односите во регионот да бидат здрави и да се избегнат настаните од деведесеттите, а соодветно на тоа сите земји од регионот треба да се признаат и да имаат позитивни односи, додаде Ескобар.

– Формирањето на ЗСО е законска обврска која мора да се спроведе. Заклучокот на Европскиот совет е дека тоа мора да се направи, а тоа е и дел од американската политика. Очекуваме да се формира и се што е договорено. Двете страни мора да најдат канали за соработка и очекуваме да се формира, рече Ескобар на прашањето на новинарите да објасни што сакал да каже дека ако Приштина не ја формира ЗСО, тоа ќе го направат САД.

Како што рече, кога зборувате за ЗСО, мислите на општини во кои Србите се мнозинство и одреден степен на самоуправување што нема да се меша во уставниот поредок и правните структури.

– Би сакале тие заедници да се обединат и да работат заедно за да изнајдат економски решенија за доброто на српските заедници. Нема ништо страшно во тоа, рече Ескобар.

Како што рече, она за што вчера се договориле двете страни ги поставува условите за воспоставување на нормализација.

– Искрено, има пречки, но се надевам дека ќе се најде механизам да се спроведе сето тоа, а тоа го вклучува и ЗСО, но и несогласувања како што се регистарски таблички, лични карти и други работи, додаде Ескобар.

Според него, важно е да се тргне од гледна точка дека двете страни добронамерно влегле во дискусијата, пренесува РТС.

– Значи, нашите очекувања се дека не сакаме да користиме „моркови и стапови“ за да ги поттикнеме да продолжат понатаму. Целта е двете страни да имаат мирен и предвидлив однос, но тоа отвора се повеќе врати за двете страни и интеграцијата за ЕУ ​​и трансатлантските интеграции. Се надеваме дека страните ќе ги исполнат своите обврски, рече Ескобар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
Македонија

Сопственик на штала физички нападнал пожарникари што гаселе пожар кај

14/08/2026
Македонија

Невреме со засилен ветер и грмежи зафати делови од Македонија

14/08/2026
Македонија

НЕ ПИЈТЕ: Забранета за користење водата во Демир Капија

14/08/2026
Македонија

Нов смртен случај по убод од комарец во Скопје

14/08/2026
Македонија

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец

14/08/2026
Македонија

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар,

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45022
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години,

14/08/2026

Водата од водоводниот систем во Гостивар е целосно безбедна за пиење и за сите останати потреби, соопштија надлежните на денешната

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач усмрти 19-годишна девојка од Струмица

14/08/2026

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица –

Сопственик на штала физички нападнал пожарникари што гаселе пожар кај Прилеп

14/08/2026

Непријатен инцидент се случил во текот на вчерашниот ден во близина на Прилеп, кога сопственик на штала физички ги нападнал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy