Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ердоган во разговор со Путин повика на „праведен мир“ во Украина, Макрон од него побара засилување на притисокот врз Русија
Македонија

Ердоган во разговор со Путин повика на „праведен мир“ во Украина, Макрон од него побара засилување на притисокот врз Русија

25/02/2023

AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, на годишнината од руската инвазија врз Украина, оствари телефонски разговори со својот руски и француски колега Владимир Путин и Емануел Макрон.

Во разговорот со Путин турскиот претседател повика на „праведен мир“ во Украина, соопшти неговиот кабинет.

Претседателот Ердоган ја истакна потребата од постигнување праведен мир за да се избегне натамошната загуба на човечки животи и уништувањата, се наведува во кусото соопштение од неговиот кабинет.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Ердоган се обидува да балансира меѓу Киев и Москва.

Во септември минатата година тој понуди и посредување со цел да се реши кризата околу нуклеарната централа Запорожје.

Анкара испрати беспилотни летала во Киев, но турската Влада одби да се приклучи на западните санкции против Русија.

Турскиот претседател неколкупати се сретна со Путин и е во редовна комуникација со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој денеска оствари и телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му кажа дека е неопходно „да се зајакне притисокот и изолацијата на Русија“ за таа да се откаже од својата агресија врз Украина.

„Во оваа смисла, шефот на државата го истакна предизвикот за борба против какво било заобиколување на воведените санкции“, додаваат од Елисејската палата.

Макрон, исто така, кажа дека „приоритет треба да биде да се зајакне поддршката за Украина за да и се овозможи да победи“ во војната против Москва.

Претседателите Макрон и Ердоган „ја повторија својата непоколеблива посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и „разговараа за корисни активности што би можеле да се преземат за доброто на цивилното население и во корист на враќање на мирот што ќе се постигне со целосно почитување на легитимните права на Украина“, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов – Мане Левис

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Владо Јаневски остави неизбришлива трага во македонската

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура се прости од Сашо Миленковски: Македонија загуби

29/06/2026
Македонија

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули почнува исплатата на К-15: минималниот износ е

29/06/2026
Македонија

Прв претставник на Евровизија и легенда што остави безвременски хитови:

28/06/2026
Македонија

Почина Владо Јаневски – македонската музика остана без еден од

28/06/2026
Македонија

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов –

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy