Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ердоган и Кристерсон ќе се сретнат пред самитот на НАТО: Дали Турција ќе го укине ветото што ја блокира Шведска?
Македонија

Ердоган и Кристерсон ќе се сретнат пред самитот на НАТО: Дали Турција ќе го укине ветото што ја блокира Шведска?

10/07/2023

AA

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој сака 31 земја-членка на организацијата да понудат обединет фронт против Русија, неодамна оцени дека е „апсолутно можно“ Турција да донесе „позитивна одлука“ за Шведска.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска ќе се сретнат на завршните преговори за членство на Шведска во НАТО, пред годишниот самит на алијансата во главниот град на Литванија, Вилнус.

Состанокот, организиран од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба, како што се надева, да овозможи укинување на ветото на Турција што го блокира влезот на Шведска во Атлантската алијанса од мај 2022 година.

Столтенберг, кој сака 31 земја-членка на организацијата да понудат обединет фронт против Русија, неодамна оцени дека е „апсолутно можно“ Турција да донесе „позитивна одлука“ за Шведска.

Ердоган во петокот вети дека ќе ја донесе „најдобрата одлука, која и да е“, навестувајќи дека сите опции се на маса.

Турскиот претседател ја блокира кандидатурата на Шведска, обвинувајќи го Стокхолм дека засолнува турски опозиционери и курдски активисти од движењата кои Анкара ги смета за „терористички“.

„Како може земја која не се дистанцира од терористичките организации да придонесе за НАТО“, праша неодамна турскиот претседател, кој минатиот месец повторно ја осуди Шведска што дозволила палење на Куранот на нејзина територија.

Заедно со Унгарија, Турција е единствената од 31 земја на НАТО која сè уште го нема ратификувано членството на Шведска. Унгарија рече дека ќе даде согласност доколку Турција го стори тоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy