Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Епископ Марко во недела ќе биде назначен на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија
Македонија

Епископ Марко во недела ќе биде назначен на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија

13/09/2023

AA

Во Делчево во тек се подготвителни активности за интронизација на неговото Преосвештенство Епископ Марко на чело на новоформираната Делчевско-каменичка Епархија. Церемонијата ќе започне во сабота во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево со богослужба како најава за главниот настан кој ќе се одржи во недела.

-Во недела на 17 септември 2023 во градската црква „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево ќе се изврши интронизација (назначување) на неговото преосвештенство Епископ Марко на чело на Делчевско-Каменичката Епархија. Светиот настан ќе започне со Света Божествена Литургија со почеток во 08.30 часот со што пред Бога и пред верниците ќе биде објавен свечениот чин. Во предвечерие на главниот настан во недела на 17 септември, ќе претходи Богоугоден настан во сабота на 16 септември со почеток во 17.00 часот во Црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево каде ќе се одржи попладневна Богослужба во слава на Бога со кој ќе се најави главниот настан за утрешниот ден, информираат од делчевското свештенство.

Делчевско-каменичката епархија е формирана со одлука на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од 20 јуни 2023 година и е една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Седиште на новоформираната епархија е во Делчево со јурисдикција на градовите Делчево и Македонска Каменица заедно со селата во овие општини.

Свештенството од делчевско-каменичките парохии ги покануваат сите православни христијани- сите граѓани да присуствуваат на овој светол историски чин од значање за верата и традициите на секој еден христијанин во заедништво со Бога.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛЕГОЛ КАЈ ДЕКАНОТ И ОСТАВИЛ ПИСМЕНА ЗАКАНА Поранешен студент од

10/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ЗА СООБРАЌАЈНА БЕЗБЕДНОСТ „Безбеден град“ ги

10/11/2026
Македонија

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА АВМУ КОН НОВИНАРКА ОД СОБРАНИСКИ КАНАЛ КОЈА

10/11/2026
Македонија

ПО 30 ГОДИНИ СТОКМЕНИ СЕ НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОН

10/11/2026
Македонија

КАЗНА ОД 45 ЕВРА ЗА ВОЗАЧИТЕ БЕЗ ЗИМСКА ОПРЕМА Од

10/11/2026
Македонија

ВЛЕГОЛ ВО УЧИЛИШТЕ И НАТЕПАЛ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ Уапсен 51-годишен жител

10/11/2026
Македонија

РЕКОРДНИ 773 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКАТА Македонија ги зголемува инвестициите,

10/11/2026
Македонија

КРИСТИ МЕКОРМИК НОМИНИРАНА ЗА НОВ АМБАСАДОР НА САД ВО МАКЕДОНИЈА

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46694
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛЕГОЛ КАЈ ДЕКАНОТ И ОСТАВИЛ ПИСМЕНА ЗАКАНА Поранешен студент од Тетово им се заканил и

10/11/2026

Полицијата поднела кривична пријава против 38-годишен жител на Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2026 година во канцеларијата

МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ЗА СООБРАЌАЈНА БЕЗБЕДНОСТ „Безбеден град“ ги победи полициите на Сингапур, Дубаи

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи освои прво место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи.

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА АВМУ КОН НОВИНАРКА ОД СОБРАНИСКИ КАНАЛ КОЈА НАВРЕДИЛА КОЛЕГИ ОД РАДИО Новинарството

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира откако новинарката на Собранискиот канал Весна Велкова јавно ги нарекла „двајца

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy