Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Енергетската транзиција во фокусот, поддршка за реформите – Средба на министерката Божиновска со претставници на ММФ
Економија

Енергетската транзиција во фокусот, поддршка за реформите – Средба на министерката Божиновска со претставници на ММФ

19/02/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, оствари средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд
(ММФ), предводени од шефицата на мисијата, Анет Кјобе. На состанокот се
дискутираше за тековните економски состојби и идните проекции во енергетскиот
сектор на Македонија.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на соработката со
меѓународните финансиски институции во процесот на енергетска транзиција и ги
истакна напорите на Министерството во спроведувањето на реформите насочени кон
одржлив развој на енергетиката, зголемување на енергетската ефикасност и
промоција на обновливите извори на енергија, како што е Ветропаркот Богданци,
кој обезбедува значителен дел од зелената енергија во земјата, се пример за
успешна имплементација на обновливи извори. Таа нагласи дека овие активности се
клучни за економскиот раст и стабилност на земјата.

Шефот на мисијата на ММФ, Анет Кјобе, ја пофали посветеноста на
Министерството во спроведувањето на енергетските реформи и изрази поддршка за
понатамошните активности. Таа истакна дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува
Република Македонија во нејзините напори за постигнување одржлив економски
развој.

Двете страни се согласија дека зајакнувањето на билатералната соработка
и координацијата меѓу институциите е клучно за успешно справување со
енергетските предизвици и постигнување на стратешките цели на Република
Македонија во оваа област.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy