
Забраната на Трамп за влез на граѓани од 12 земји стапува на сила од утре
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се забранува влез на граѓани од 12 земји, стапува на сила во понеделник една минута по полноќ, а нејзината цел, како што изјави тој, е да ја заштити земјата од „странски терористи“.
Според Трамп, се проценува дека земјите под кои беа воведени најстрогите ограничувања засолнуваат „голем број терористи“, не соработуваат во издавањето визи, не го проверуваат соодветно идентитетот на патниците и не водат соодветна евиденција за кривичните досиеја.
Трамп, исто така, тврди дека нивните граѓани честопати го надминуваат времетраењето на престојот дозволено со нивните визи, објави Ројтерс.