
ВИДЕО Драматични снимки од училиште во Грац, се слуша пукање – девет лица загинаа!
Пукање во училиште во Грац.
Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот. Седум ученици и еден возрасен починаа. Бројот на тешко повредени е двоцифрен, но точниот број сè уште е нејасен.
Според Кроне, одделот за итни случаи и шок-одделот во болницата LKH во Грац моментално се преполни по пукањето.
Точниот број на повредени не е познат, но австриските медиуми објавија дека е двоцифрен.
Драматични снимки од училиштето се појавија на социјалните мрежи. Истрелите јасно се слушаат на снимките.