
Се урна дел од седумкатна станбена зграда во областа Бронкс во Њујорк
Се урна дел од седумкатна станбена зграда во областа Бронкс во Њујорк, јави Асошиејтед прес.
Жртви нема, но две лица се полесно повредени. Пожарникарите неколку часа трагаа во урнатините на срушеното крило на задругата, но не пронајдоа затрупани луѓе.
Почна и истрага за инцидентот.
Зградата датира од 1927 година, а на нејзината фасада беа извршени работи за реновирање.