Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Соработката со МОТ е столб на унапредувањето на правата на работниците
Македонија

Тренчевска: Соработката со МОТ е столб на унапредувањето на правата на работниците

12/12/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти ја отворија конференцијата „ Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.

„Недостигот на работна сила е предизвик на модерното време и се должи на повеќе фактори, како што се демографските транзиции, воведувањето нови технологии, како и работните услови. Сведоци сме дека во сѐ повеќе земји, особено во Европа, работодавачите пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работната сила“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека нашата држава не е заобиколена од овој глобален тренд и посочи дека од една страна државата се соочува со невработеност и неактивност на населението и додека од друга страна секојдневно се огласуваат испразнети работни позиции.

„Податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година покажуваат дека работната сила на Република Северна Македонија брои 808.078 лица , од кои 692.034 се вработени и 116.045 се невработени. Во 2022 година стапката на вработеност (15-64) изнесува 56,7 проценти, што сè уште е далеку под просекот во ЕУ, 69,8 проценти. Јазот во вработеноста меѓу мажите и жените изнесува 18,4 процентни поени, и е речиси двојно поголем од оној во ЕУ. Стапката на вработеност на младите луѓе (15-29) изнесува 34%, што е многу под стапката во ЕУ од 49,2%“ објасни Тренчевска.

Министерката посочи дека Владата соочена со овие демографски предизвици како и притисокот од приватниот сектор ги усвои: Програмата за економски реформи 2023-2025 г., Националната стратегија за вработување 2021-2027 г., Планот за спроведување на Гаранцијата за млади 2023-2026 г. Таа објасни дека секој од нив ги утврдуваат развојни приоритети и реформи што се во насока на надминување на предизвиците – реформи во образованието, за да соодветствува со потребите на пазарот на трудот, адаптирање на активните мерки за пазарот на труд, активирање на лицата што не се вработени, ниту се вклучени во процес на образование и обука.

Воедно министерката во однос на преземањето на мерки за одговор на ова прашање ги истакна измените на законите.

„Промените во Законот за социјална заштита со олеснување на влезот на пазарот на труд на млади лица од семејствата кои се корисници на права од социјалната заштита преку процес на социјално менторство верувам дека ќе бидат усвоени во Собранието на Република Северна Македонија до крајот на оваа година. Овие законски промени, поддржани со Нов закон за социјално претприемништво, но и Закон за работно ангажирање со креирање на софтвер за евиденција на работни часови на лицата кои се времено ангажирани во одредени области, убедена сум дека ќе го намалат притисокот од итна потреба за работници во нашата држава. Верувам дека со помош на новиот Закон за безбедност и здравје при работа кој е во процес на изготвување исто така ќе придонесе кон подобрување на условите за работа и модернизирање на компаниите“ рече Тренчевска.

На крај таа истакна дека за победа во битката со недостатокот на работна сила потребно е да се продолжи успешната соработка на министерството за труд и социјална политика со Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Република Северна Македонија, затоа што според неа нивната поддршка и во досегашните активности претставува значаен столб, показател и поддржувач во подобрување на севкупната слика на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy