
Попладнево нов земјотрес во Романија – тресеше со јачина од 4,3 степени
Романија попладнево ја погоди нов земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер, во близина на градот Тарју Јиу кој има нешто помалку од 100.000 жители.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а со послаб интензитет бил почувствуван и во северниот дел од Македонија, како и во источниот дел од Србија и северниот од Бугарија.
Претходно речиси на истото место се случи земјотрес со 5,5 степени според Рихтеровата скала, што беше почувствуван дури и до Скопје.