Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот директор на царина Даравелски излегува од „Идризово“
Македонија

Поранешниот директор на царина Даравелски излегува од „Идризово“

14/02/2023

AA

По 35 дена поминати во притвор, на слобода излегува поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски. Со оглед дека постапката за која е осуден ќе се суди одново, тој ќе биде пуштен од затворот „Идризово“.

Кривичниот суд соопшти дека решението за повторување на судењето е испратено и до затворот.


– Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство, се вели во дописот од Кривичниот суд.

Но, оваа одлука на Кривичниот совет за повторување на судењето во пракса ќе значи и застарување на делото за кое се гонеше Даравелски.


Поранешниот прв човек на Царина се гонеше за дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, кое според обвинението го сторил во периодот од 1999 до 2002 година.

Кривичниот законик предвидува дека за делото максимална затворска казна може да биде 10 години. Апсолутна застареност настапува за двојно повеќе време, односно за 20 години. Тоа значи дека делото му застарело уште во текот на минатата година. Според ова, Даравелски ќе се спаси од кривичен прогон, бидејќи на повторното судење ќе треба судијата да констатира дека делото е застарено.


Ексдиректорот на Царина, Даравелски, 20 години ги помина во бегство надвор од Македонија. Во Србија доби и српско државјанство. Имаше меѓународна потерница, а беше уапсен на „Табановце“ на 10. минатиот месец

Даравелски беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во вредност од 2 милиони евра, пресуда која е укината.

Тој во 2016 година беше уапсен во Белград, но Србија не го екстрадираше бидејќи тамошните власти ја прекинаа постапката поради српското државјанство на Даравелски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy