
Најмалку 15 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во северна Сирија
Најмалку 15 лица загинаа, а десетици други се ранети при експлозија на автомобил-бомба во предградијата на градот Манбиџ во северна Сирија, соопшти денеска локалната цивилна одбрана.
Во моментот на експлозијата автомобилот бил покрај возило со земјоделски работници, а загинале 14 жени и еден маж.
Уште 15 жени се ранети, од кои многу се во критична состојба.
Насилството продолжи во североисточната провинција Алепо и по падот на претседателот Башар ал Асад во декември. Фракциите поддржани од Турција познати како Сириска национална армија продолжуваат да се судираат со Сириските демократски сили поддржани од САД.