Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судијката која го ослободила 20-годишниот Васил е разрешена – Филков бара да се преиспита целиот случај со Фросина
Македонија

Судијката која го ослободила 20-годишниот Васил е разрешена – Филков бара да се преиспита целиот случај со Фросина

03/02/2025

AA

Министерот за правда Игор Филков на прес конференција ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина.

„Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кои што очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година.

Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството“, изјави Филков.

Филков смета дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и евентуална одговорност.

„Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда а институциите се должни да ја испорачаат, брзо, правично и транспарентно. Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред само некој ден. Токму брзината на постапување и корумпираноста беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка“, посочи министерот за правда, Игор Филков.

Непостапувањето и спороста, според Филков отвора можност утре да имаме исти или слични случаи.

„Апелирам до сите политички чинители во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневно политички цели. Правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвнатре. Нема да дозволам неказнивост и недопирливост“, рече Филков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy