
Елена Петрова ја презеде директорската функција во УЈП
Елена Петрова денес го мина првиот ден како нов директор на Управата за јавни приходи, откако беше назначена на оваа позиција пред два дена на владина седница.
Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Директорката Сања Лукаревски не ја пречека затоа што претходно си поднесе оставка поради пратеничката функција.ж
Петрова претходно беше раководител на Секторот за наплата и управување со долгови на УЈП, а во техничката предизборна влада беше дополнителен заменик министер за финансии.
. „Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните.” – изјави Петрова.
