
Екстремно десничарскиот кандидат за канцелар – зборува мандарински, живее со жена од Шри Ланка
Алис Вајдел, кандидатот за канцелар Алтернатива за Германија (AfD), е необично јавно лице за машката, антиимиграциска крајнодесничарска партија, која се прикажува како бранител на традиционалните семејни вредности и обичните луѓе. Вајдел (45) одгледува два сина со својот партнер роден во Шри Ланка. Таа е филмаџија и течно зборува мандарински јазик, а докторирала економија во Кина. […]
