Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКСПЕРТОТ ПАВЛЕ ГАЦОВ: Мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот се покажа како целосно неуспешна
Економија

ЕКСПЕРТОТ ПАВЛЕ ГАЦОВ: Мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот се покажа како целосно неуспешна

13/04/2023

AA

Павле Гацов, даночен експерт, преку својот фејсбук профил, укажува дека мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, се покажала како целосно неуспешна.
Тој наведува и неколку можни опции кои би се покажале како разрешница. 
„Празните рафтови и цени што никој не ги почитува!

… Државата треба образот да си го спасува…

Мерката за замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето е ЦЕЛОСНО НЕУСПЕШНА!“, пишува Гацов.

Натаму, тој нведува, дека има разрешница.
„Прва: Укинување на мерката (попаметно) и влегување во неколкудневни контроли кај сите непочитувачи, вклучувајќи контрола за сопствениците и нивните роднини (од имот дома и во странство, до автомобили нивни и на роднини, приходи по сите основи, сите залихи да се линкуваат со увозните декларации, наназад 5 години споредено со ценовници на добавувачите од странство преку соработка со тамошните даночни органи, издавањето на фискални сметки, годишни сметки и даночни биланси, годишни даночни пријави, дали трошеле бенифицирана струја, … итн, итн.)
Второ: Инстистирање на целосно спроведување на мерката. Преземање на ригорозна и робусна акција за спроведување на мерката, што ќе биде запамтена од сите учесници како показна вежба за непочитувачите.

Трето: Одмолчување. По празниците и после 1 мај и така зеленчукот и овошјето ќе поефтинат. Мерката била одвишна, погрешна и непотребна. Panta rei….

Факти:

Низ маркетите, „замрзнати“ зеленчуци и овошја нема. Не се почитува одредбата за задолжителна набавка на 70% од набавките во март 2023 година. Во помалите дуќани се нуди патлиџан и краставица под рака само за редовни муштерии, по повисоки цени и без фискална… navodno, била набавени многу поскапо, не можеле да се продаваат на фискална, а не биле и примени на залиха…

На зелените пазари пак друга приказна, цените на овие зеленчуци и овошја отидоа „у васиона“ и се мнооогу повисоки од замрзнатите цени.

Државата треба да си го спасува образот!“, пишува Гацов. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy