Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА КОЛИНДА ГРАБАР ЌЕ ПРЕДАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СПЛИТ: Нови студии на Филозофскиот факултет на англиски јазик
Регион

ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА КОЛИНДА ГРАБАР ЌЕ ПРЕДАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СПЛИТ: Нови студии на Филозофскиот факултет на англиски јазик

18/04/2023

AA

Од
следната академска година на Филозофскиот факултет во Сплит започнува
дипломската интердисциплинарна студиска програма на англиски јазик а тоа е Демократија и
општествена отпорност на современата држава, на која ќе може да се запишат триесетина студенти.

Антонела Мариќ, продекан за наука и меѓународна соработка и
раководител на новите студии
ја оценува програмата како исклучително квалитетна и забележува дека таа се
лансира во соработка со израелскиот академски колеџ Сапир.

„Веруваме дека нашата нова и поинаква студиска програма ќе
понуди одговори на клучните предизвици на демократијата во современиот свет и
тоа е силата на нашите напори“, рече Мариќ. Уписната квота е 30 студенти, а
цената по година на студирање е шест илјади евра.

Меѓу предавачите е и поранешната претседателка на
Хрватска

Меѓу другото, идните студенти треба да учат за историјата,
културата и уметноста на Хрватска и Израел, сè за општеството и религијата,
териториите и границите, за предизвиците на демократијата, компаративното
владеење и уметноста, базите на податоци, сајбер безбедноста,
претприемништвото, иновациите, Медитеранот како лулка на мултикултурализмот,
образовната политика и вештачката интелигенција.

„Имаме вредна меѓународна соработка на експерти од странски
и домашни универзитети, како и членови на Универзитетот во Сплит кои ќе
учествуваат во извршувањето на програмата“, додава Мариќ.

Меѓу предавачите се поранешната претседателка Колинда
Грабар-Китаровиќ, научникот Драган Приморац, најцитираната хрватска научничка
Ана Марушиќ, уметникот Слободан Јокиќ или Ден Оки, како и креаторот на бизнис
инкубаторот Фране Шесниќ.

„Очекуваме амбициозни студенти кои навистина сакаат да
инвестираат во своето образование, кои сакаат да бидат компетентни во
општеството и да ја ценат интердисциплинарноста со цел на крајот да се
прилагодат што е можно подобро на пазарот на трудот“, додаде Мариќ.

ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како

13/10/2026
Македонија

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ

13/10/2026
Македонија

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што

13/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ДА ПОБАРА ОД СОФИЈА ДА Ѝ ЈА ПРЕДАДЕ ИВА

13/10/2026
Македонија

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за

12/10/2026
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како Михаилова пристигнала во Бугарија

13/10/2026

Министерството за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михаилова, нејзиното семејство и

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ Камерите снимиле што пронашле цариниците

13/10/2026

Дрога во форма на бомбони, таблети, гел и други супстанции пронашле царинските службеници на граничниот премин Табановце, при контрола на

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што се пишува во бугарската јавност

13/10/2026

Случајот со 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која по повеќемесечни барања за лекување во Бугарија, под нејасни околности пребега во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy