Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како Михаилова пристигнала во Бугарија
Македонија

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како Михаилова пристигнала во Бугарија

13/10/2026

AA

Министерството за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михаилова, нејзиното семејство и нејзиниот адвокат, кои резултирале со нејзиното пристигнување во Бугарија, ниту, пак, учествувало во нивното организирање. Од Министерството соопштија дека адвокатот стапил во контакт со нив непосредно пред да даде јавна изјава.

– Ја разбираме загриженоста на семејството во врска со здравјето на Ива. Најважно сега е таа да ја добие потребната медицинска нега. Тимот на Универзитетската болница за итна медицинска помош „Н. И. Пирогов“ ќе ја процени нејзината состојба и ќе го одреди потребниот третман – велат од бугарското МНР.

Оттаму наведуваат дека Бугарија доследно ги поддржувала напорите Ива да го добие потребниот третман. Министерството најави дека и натаму ќе помага во врска со случајот, во рамките на своите надлежности.

Министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев, потврди дека Ива Михаилова е примена во болницата „Пирогов“.

– Ме известија дека се во „Пирогов“ – таа и нејзиниот адвокат. Ќе се преземат дејствија за нејзино сослушување, за да се утврди дали, кога, каде и како ја преминала границата, како и сите други околности. Ќе провериме и дали има потреба од обезбедување и, доколку има, тоа ќе биде одредено – изјави тој.

Случајот започна по тешката сообраќајна несреќа што се случи на 7 октомври 2025 година на патот меѓу Кочани и Штип. Во судирот загина едно лице, а неколкумина беа повредени, меѓу кои и Михаилова. Младата жена, која има бугарско и македонско државјанство, се здоби со тешки повреди на ’рбетот.

Во јули 2026 година, во Основниот суд во Кочани започна судскиот процес против Михаилова, која е обвинета за тешко кривично дело поврзано со безбедноста на сообраќајот на патиштата. По несреќата, ѝ биле одземени личните документи, со што ѝ било оневозможено да замине на лекување во Бугарија.

И покрај доставената медицинска документација за потребата од специјализирана интервенција, Основниот суд во Кочани одбил да ѝ дозволи да отпатува. На 20 август, Апелациониот суд во Штип ја потврдил одлуката.

Бугарското Министерство за надворешни работи тогаш реагирало со став дека при одбивањето не биле земени предвид во доволна мера сериозноста на нејзината здравствена состојба и фактот дека потребниот третман не може да ѝ биде обезбеден во Македонија.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕТЕ ОД 9 ГОДИНИ ПРЕТЕПАНО НА ИГРАЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Mалолетници

13/10/2026
Македонија

JA ПРОГОЛТАЛ ДРОГАТА ДОДЕКА БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА Морале да го

13/10/2026
Македонија

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како

13/10/2026
Македонија

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ

13/10/2026
Македонија

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што

13/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ДА ПОБАРА ОД СОФИЈА ДА Ѝ ЈА ПРЕДАДЕ ИВА

13/10/2026
Македонија

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за

12/10/2026
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46131
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕТЕ ОД 9 ГОДИНИ ПРЕТЕПАНО НА ИГРАЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Mалолетници го нападнале, еден удирал со

13/10/2026

Деветгодишно дете завршило со тешка телесна повреда откако група малолетници физички го нападнале на спортско игралиште во Тетово. Еден од

JA ПРОГОЛТАЛ ДРОГАТА ДОДЕКА БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА Морале да го однесат во болница пред да

13/10/2026

Обид за бегство од полицијата завршил во болница за 36-годишен велешанец, кој проголтал бела прашкаста материја додека полицајците се обидувале

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ Камерите снимиле што пронашле цариниците

13/10/2026

Дрога во форма на бомбони, таблети, гел и други супстанции пронашле царинските службеници на граничниот премин Табановце, при контрола на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy