Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што се пишува во бугарската јавност за Ива Михаилова?
Македонија

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што се пишува во бугарската јавност за Ива Михаилова?

13/10/2026

AA

Случајот со 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која по повеќемесечни барања за лекување во Бугарија, под нејасни околности пребега во Софија и дополнително ги заостри односите меѓу Скопје и Софија, со големо внимание се следи во бугарската јавност. Покрај бројните медиумски извештаи и анализи, случајот го коментираат и политички партии, пратеници и претставници на извршната власт.

Бугарските медиуми посветуваат големо внимание на случајот. „Ива Михаилова пристигна во Бугарија: ги изненади институциите во двете земји“, објави БТВ Новините. Нова телевизија го пренесе нејзиното тврдење дека е среќна што се вратила во Бугарија и дека таму се чувствува безбедно, додека БНТ објави поширок преглед на реакциите на бугарските власти и политичари.

„Ива Михаилова е во ‘Пирогов’“ и „Здравствената состојба ми се влоши, во Бугарија се чувствувам безбедно“ се меѓу пораките што доминираа во медиумското известување во понеделникот.

Според БНТ, Михаилова е примена во болницата „Пирогов“, каде што во следните денови треба да ѝ бидат направени низа испитувања. Медиумот објави дека се очекува да остане во болницата неколку дена, а понатамошниот третман ќе зависи од лекарските наоди.

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека нејзиното министерство не било известено за конкретните чекори што ги презеле Михаилова и нејзиниот адвокат.

– Важно е таа да добие можност за соодветно лекување во Бугарија, и тоа што е можно поскоро – изјави Петрова, според БНТ.

Таа оцени дека станува збор за хуманитарен случај за кој, според неа, во Македонија немало соодветна реакција, поради што биле преземени „очајнички чекори“.

Пристигнувањето на Михаилова во Софија предизвика реакции и во бугарскиот парламент.

Надежда Јорданова, претседателка на пратеничката група на Демократска Бугарија, соопшти дека партијата ќе продолжи да следи дали судската постапка во Македонија се води според правилата и дали се почитуваат правата на Михаилова.

Посебно прашање, според Јорданова, е дали таа се соочила со дискриминација поради бугарското државјанство и националното самоопределување. Таа порача дека Бугарија треба да се грижи за своите граѓани што се наоѓаат во тешка ситуација надвор од земјата.

Од партијата Преродба, побараа бугарската дипломатија да ја задржи „цврстата позиција кон Македонија во врска со случајот на Ива Михаилова“.

Пратеникот Ангел Георгиев изјави дека македонските власти треба да ги преиспитаат своите постапки и да не го користат случајот за поттикнување омраза кон Бугарија. Тој нагласи дека Михаилова ги поседувала документите со кои, според нејзиниот исказ, ја минала границата.

БНТ ги пренесе овие реакции како показател дека случајот добива и политичка димензија во Бугарија, со повици за заштита на нејзините права и продолжување на дипломатскиот ангажман.

Додека Михаилова тврди дека легално ја минала границата со својот адвокат и дека „во Бугарија се чувствува безбедно“, македонските институции укажуваат дека против неа се води судска постапка и дека нејзиното заминување отвора прашања за законитоста на нејзиното поминување на границата, како и за улогата на Бугарија во нејзиното илегално заминување.

Михаилова е обвинета во постапката што се води во Кочани по тешката сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, која се случи на 7 октомври 2025 година и во која загина едно лице, а повеќе луѓе, меѓу кои и таа, беа повредени. Следното рочиште е закажано за 6 ноември, и според нејзиниот адвоокат од Македонија, може да се одржи и во нејзинот отсуство.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

МИХАИЛОВА БИЛА „НА БЕЗБЕДНО“ АМА БИЛЕ ПОТРЕБНИ „ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ“!? Што

13/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ ДА ПОБАРА ОД СОФИЈА ДА Ѝ ЈА ПРЕДАДЕ ИВА

13/10/2026
Македонија

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за

12/10/2026
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46127
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРИСЕЛ ДА ПОБАРА ОД СОФИЈА ДА Ѝ ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАЈЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Платформата 12.05

13/10/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја повикува Европската комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко

БУГАРИТЕ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ИВА МИХАИЛОВА СО ПОЛИЦИЈА!? Министерот за внатрешни работи лично ѝ понуди

12/10/2026

Бугарските власти ќе ги испитаат околностите под кои Ива Михаилова пристигнала во Бугарија. Доколку се утврди дека ѝ е потребно

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026

Несовесни граѓани исфрлија кабаст отпад среде шума во Националниот парк Галичица, објави порталот Охрид1, кој добил фотографии од читатели. На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy