Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Економската стабилност на државата во сенка на политизираната тема за инвестициите во рударството
Македонија

Економската стабилност на државата во сенка на политизираната тема за инвестициите во рударството

25/12/2023

AA

Рударскиот сектор во Македонија продолжува да стагнира. Повеќе најавени инвестиции во оваа област остануваат нереализирани. Дополнително, ова прашање под притисок на дел од јавноста сѐ почесто станува тема за дневно-политички препукувања, особено во предизборен период. Инвестициите не се остваруваат претежно поради неиздадени концесии, а други поради одамна запрениот процес на добивање концесии за истражување и за експлоатација на минерални суровини.

Од Македонската рударска асоцијација претходно информираа дека учеството на рударската индустрија во вкупниот БДП на земјата се движи околу 2 проценти, што е релативно скромно во споредба со високо развиените индустриски земји како Австралија, Германија, САД и Полска, каде придонесот на рударството во вкупната економија е далеку поголемо.

Една од поголемите најави од изминативе години беше вложувањето во изградба на рудникот за бакар „Казандол“ во Валандово. Првичната инвестиција на англиско-украинската компанија „Сардич“ беше проценета на 25 милиони евра и беа предвидени 250 вработувања. Сепак, Владата реши да го раскине договорот. Понатаму, канадската компанија „Резервоар минералс“ исто така се соочи со голем број предизвици, а по одржаниот референдум во Гевгелија во 2017 година, воопшто и не беше продолжена концесијата за рудник за злато во Кожув. Последно, правната несигурност се одрази и на инвестицијата во рудник за бакар во Иловица, на канадската групација „Трафигура“, преку домашната фирма „Еуромакс ресоурсес“. Во овој случај, остануваат нереализирани нови 360 милиони евра првична инвестиција и околу две илјади директни и индиректни вработувања.

Сепак, според дел од меѓународните истражувачки центри и медиуми, за ваквата состојба во позадина се кријат политичко-економски интереси, а не цели за заштита на животната средина. И тоа не било чии, туку директно на Москва. Рускиот медиум „Инсајдер“ го поврзува делувањето на дел од активистите кои се против отворањето на рудниците со блокадата за западните инвестиции.

„Еден од најактивните на ова поле беше Крум Велков, кој е отворен промотор на руските интереси во Македонија. Велков и неговиот соработник Ангел Наков водат кампања против западните рударски компании како канадската Reservoir Minerals или украинско-британската Sardich. Тој ги поддржува и локалните невладини организации што го напаѓаат проектот за рудник за бакар Иловица. Сите овие проекти моментално се во мирување. Крум Велков е автор на антизападни написи на заговор на веб-страниците на ‘Геополитика’ и на веб-страницата на ‘аналитичкиот центар’ Катехон, кој е раководен од Константин Малофеев, Сергеј Глазиев и генерал Решетников“, пишува Инсајдер.

Додека западните инвестиции кај нас тапкаат во место, Европската Унија реши од 2024 година да ги олесни процедурите во рударството и бара засилено да се истражуваат геолошките ресурси. Брисел веќе изготви и листа на критични минерални суровини, за кои не сака да биде премногу зависна од трети страни, како Кина и Русија. Со овие минерали Унијата очекува забрзано да се реализира зацртаната зелена агенда. Меѓу критичните суровини се најдоа бакарот, магнезиумот, алуминиумот, титаниумот, кобалтот и други. Покрај тоа што кај нас континуирано се забележува дека инвестициите во рударството се попречуваат, власта со Декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан се заложи дека ќе се придржува до новите правила на Брисел кои ќе започнат да се имплементираат од наредната година.

„Во врска со интеграцијата на Западниот Балкан во индустриските синџири на снабдување, го поздравуваме интересот изразен од партнерите од Западен Балкан да им се приклучат на партнерите за вредносниот синџир на ЕУ за критични суровини и да добијат поддршка за развој на релевантните индустрии, во согласност со потребите и стандардите на единствениот пазар на ЕУ“, пишува во Декларацијата од Самитот, која доби поддршка и од македонските власти.

Дел од домашните експерти потенциираат дека изградбата на рудниците е прашање на иднината од кое зависи и економската стабилност на државата. Според металуршкиот инженер Виктор Грозданов, оваа тема не треба да се политизира, а државата не смее никого да дискриминира или ограничува при повикувањето на државните регулативи за инвестиции.

„Изградбата на нови рударски капацитети во Македонија е прашање на иднината кое надминува еден политички мандат на Собрание, Влада, Претседател на Републиката, градоначалници и локални совети. Ова прашање не смее да се става во контекст на дневно-политичка агенда и предизборни калкулации. Едноставно, долгорочната економска стабилност на нашата татковина зависи од правецот кој ќе го фатиме токму по прашањето на индустријализацијата“, пишува Грозданов.

Во земјава во последните 40 години е отворен само еден рудник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45148
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија – кој ќе плаќа 18% ДДВ?

20/08/2026

Корисниците во Македонија кои плаќаат Google услуги наскоро ќе се соочат со нов начин на пресметување на данокот. Од 1

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму активни низ Македонија

20/08/2026

Огнената стихија и денеска продолжува да се шири на повеќе локации низ Македонија. До 18 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy