Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем
Економија

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

08/04/2025

AA

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е во постојана комуникација со САД за проблемот со царините и очекуваме во најскоро време да има разрешница иако директните ефекти од воведувањето на американските царини не се големи кога станува збор и за извозот и за увозот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

– Подготвуваме измени во Законот за царинските стапки со кои можеме да одиме на нивно намалување дури и до нула зашто ефектот нема воопшто да биде голем, бидејќи целиот извоз лани бил нешто над 100 милиони евра што е многу малку во споредба со размената со останатиот дел од светот. Било каква промена на царинските стапки нема да има никакво влијание на Буџетот,… Тоа во вој момент може да им го понудиме на САД. Станува збор за грешка бидејќи и по поединечни тарифи кога ќе се погледнат во Република Македонија не постои царинска тарифа од 65 проценти, рече Димитриеска Кочоска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека отежнувачка околност е што немаме договор за слободна трговија со САД и додаде дека се работи на тоа да се издејствува потпишување на таков договор.

– Верувам дека на крајот Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе успее да потпише таков договор со чие потпишување ќе имаме промени и на царинските тарифи. Доколку не успееме да потпишеме таков договор, ќе видиме што ќе правиме понатаму. Од наша страна првично ќе понудиме намалување на царинските тарифи, прецизира Димитриеска Кочоска.  

Посочи дека во пресметката на САД за висината на нашите царини од 65 отсто има и одредени додатоци и додаде дека тоа е нормално будејќи секоја држава настојува да си го заштити домашното производство.

– Има во некој дел каде што се сака да се заштити домашното производство. Тоа е пред се во делот на земјоделските производи, а во делот на другите царински стапки немаме толку високи тарифи, рече Димитриеска Кочоска.

Посочи дека со САД имаме трговска размена под еден процент од вкупната размена што ја имаме со светот и во делот на увоз и во делот на извоз.

– Затоа нема да има директни ефекти. Невозможно е во толку краток да имаме директни негативни ефекти од воведувањето на американските царини. Иако ги зголемија царините и за европските држави не постои супститут во САД кој преку ноќ ќе го зголеми производството за да може да кажат ќе купуваме од домашните производители. Да оставиме времето да покаже какво ќе биде однесувањето, но да не заборавиме дека приватниот сектор во Европа, а и европските држави ќе имаат билатерални разговори со САД. Во делот, пак, на преселба на капиталот многу тешко се преместуваат машини од едно место на друго и да се отворат  капацитети. Ќе треба време за да видиме што ќе се случи, но негативни ефекти преку ноќ нема да се случат, потенцира Димитриеска Кочоска.  

Побара да не се крева паника пред време и додаде дека не значи дека доколку некој има проблем во Европа дека веднаш ќе ги отпушти вработените во земјава кои работат во компаниите од странските инвеститори.

– Тоа нема да го направат зашто префрлањето на капиталот е многу тешка задача и одлука и треба време за тоа. Речиси е невозможно на краток рок . Затоа да не креваме паники дека ќе имаме отпуштање  од работа. Тоа нема да се случи. Во меѓувреме очекувам дека европските држави ќе се договорат со САД, а и на кус рок да има помало производство и помал извоз од тие земји секако ќе има одреден ефект, но нема да значи дека ќе има отпуштање од работа. Во државава имаме проблем само во една ситуација со една компанија која директно зависи од извозот во САД и сега тој проблем го решаваме, рече Димитриеска Кочоска, додавајќи дека дури ни тие нема да ги отпуштат работниците преку ноќ.

Оцени дека како земја која има недостиг на работна сила во овој момент не постои поголем ризик дека ќе има отпуштање на работници и дека тие нема да најдат работа на друго место, иако, потенцира, сметам дека нема да се случи отпуштање од работа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy