
Еден од најталентираните тренери доаѓа во Манчестер јунајтед!?
Новинарот Фабрицио Романо објави дека „црвените ѓаволи“ почнале преговори со стратегот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим и веќе се разговара за одредени детали.
Преговорите продолжуваат меѓу двете страни и се очекува наскоро да бидат познати повеќе детали за тоа дали Аморим ќе седне на „жешкото столче“ на премиерлигашот.
Аморим од 2020 година го предводи Спортинг Лисабон, при што освои пет пехари со португалскиот гигант.