Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трајковски алармира: Преспанското Езеро тоне – историски минимум на нивото на водата
Македонија

Трајковски алармира: Преспанското Езеро тоне – историски минимум на нивото на водата

17/09/2025

AA

Нивото на Преспанското Езеро продолжува да бележи драматичен пад и деновиве достигна нов историски минимум. Според податоците што ги објави професорот Дејан Трајковски, за првпат откако се вршат мерењата е пробиена психолошката граница од 841 метар надморска височина, при што моменталното ниво изнесува 840,97 метри, односно 663 сантиметри под референтната кота од 847,60 метри.

Состојбата е особено загрижувачка ако се земе предвид дека во септември, уште пред крајот на хидролошката година, езерото е веќе 19 сантиметри пониско во споредба со лани, кога беше регистриран дотогашниот историски минимум.

Според прогнозите, до декември нивото може да падне дури до -690 сантиметри. Последните две години Преспанското Езеро губи по околу 50 сантиметри од нивото годишно, што во просек изнесува околу 125 милиони кубни метри вода.

„Денеска езерото е цели 55 сантиметри пониско од истиот ден минатата година. Нема никакви индиции дека ќе се забави овој надолен тренд, туку напротив“, вели професорот Трајковски.

Според него, просечната длабочина на езерото сега е околу осум метри, иако најголемиот дел од дното е на длабочина од 9,5 метри.

Оваа состојба уште еднаш ја отвора темата за итни мерки за заштита и управување со водните ресурси, бидејќи Преспанското Езеро е од исклучително значење и за регионот и за животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy