Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петнаесетти протест: Граѓаните бараат трајно решение за дивата депонија Вардариште!
Македонија

Петнаесетти протест: Граѓаните бараат трајно решение за дивата депонија Вардариште!

17/09/2025

AA

Граѓаните и денеска попладне излегоа на протест и повторно го блокираа мостот „Близнаци“ меѓу општините Аеродром и Гази Баба, со барање надлежните институции конечно да најдат трајно решение за дивата депонија Вардариште.

Насобраните, обединети преку иницијативата „Стоп за Вардариште“, извикуваа пароли како „Чист воздух, сега“ и „Барате власт, нема кога нè храните со отров“, упатувајќи критики дека институциите не преземаат мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Ова е петнаесетти протест на истата локација, откако на крајот на август избувна голем пожар на Вардариште, по кој скопјани со денови дишеа чад и мирис на изгорено ѓубре.

Присутните посочија дека и покрај нивните апели, ниту едно надлежно тело – Министерството за животна средина, Град Скопје, општините Гази Баба и Аеродром или инспекторатите не презело конкретни активности за затворање на депонијата.

„Депонијата која требаше одамна да биде затворена сè уште работи, а секоја вечер околу полноќ во воздухот се чувствува неподнослива миризба. Бараме институциите да постапат согласно своите надлежности“, рекоа дел од граѓаните, пренесе ТВ Телма.

Протестот заврши со марш на присутните по булеварот „Србија“.

ФОТО: 360 степени

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy