Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се затвори ли бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“?! – Утре ќе се изјасни владината Комисија
Македонија

Ќе се затвори ли бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“?! – Утре ќе се изјасни владината Комисија

15/03/2023

AA

Утре истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да донесе одлука и доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.

Од Министерството за правда за МИА изјавија дека владината Комисија за употреба на имиња утре се очекува да го одржи состанокот. Во изминатиот период биле направени промени на нејзиниот состав. Комисијата ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ.

– Се очекува одлуката на Комисијата. Министерот за правда целосно ќе ја почитува, наведуваат од Министерството за правда.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Од Централниот регистар за МИА тогаш потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ – Охрид и дека постапката е во тек. Од здружението „Иван Михајлов“ од Битола, пак не било поднесено барање. Според изјавите за јавноста на првиот човек на бугарското здружение во Битола Љупчо Ѓеоргиевски, тие немаат намера да извршат пререгистрација и презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy