Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се одржи првото рочиште за истрагата за импичмент на Бајден
Македонија

Ќе се одржи првото рочиште за истрагата за импичмент на Бајден

28/09/2023

AA

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предводен од републиканците, денеска ќе го одржи првото рочиште за истрагата за импичментот на демократскиот претседател Џо Бајден.

Сослушувањето на Комисијата за надзор и одговорност на Претставничкиот дом веројатно нема да открие нови информации за финансиските врски на Бајден со неговиот проблематичен син Хантер Бајден (53), кој бил дел од бројни меѓународни деловни потфати додека се борел со зависноста од дрога и алкохол.

Републиканци: Бајден и неговото семејство лично профитираа од политиката што тој ја тераше како потпретседател
Наместо тоа, сослушувањето ќе послужи како еден вид оправдување за истражување и дискусија за она што републиканците го открија досега, според Џејмс Комер, претседател на Комитетот.

Републиканците тврдат дека Бајден и неговото семејство лично профитирале од политиката што тој ја вршел како потпретседател во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама од 2009 до 2017 година.

Во центарот на истрагата се тврдењата дека Бајден, како потпретседател на САД, вршел притисок врз Украина да го отстрани главниот обвинител бидејќи ја истражувал компанијата Бурисма, во која неговиот син Хантер бил во одборот на директори. Тогашниот украински претседател Петро Порошенко во саботата за Фокс њуз изјави дека тоа не е точно.

Бела куќа: Истрагата е неоснована и политички мотивирана пред претседателските избори во 2024 година.

Белата куќа објави дека истрагата е неоснована и политички мотивирана пред претседателските избори во 2024 година, каде Бајден би можел да се соочи со републиканецот Доналд Трамп, кој се соочува со четири судења.

Републиканците во Претставничкиот дом имаат тесно мнозинство со 221 спрема 212 гласови, па под знак прашалник е дали на крајот од истрагата ќе имаат доволно гласови за да го поддржат импичментот на Бајден. Дури и во случај на успешно гласање, малку е веројатно дека Сенатот, каде демократите имаат мнозинство од 51 спрема 49, ќе гласа за смена на Бајден од функцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy