Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“
Економија

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

08/05/2025

AA

Во интервју за ТВ24, министерката за енергетика Сања Божиновска откри неколку клучни енергетски проекти и потврди дека фокусот на државата е насочен кон зголемување на сопствените енергетски капацитети, стабилизирање на мрежата и забрзување на транзицијата кон чиста енергија.

Министерството денес потпиша договор со македонска компанија за изградба на нов гасовод до границата со Грција, долг 68 километри, со рок на реализација од 22 месеци. Овој гасовод е дел од новата енергетска стратегија – да се обезбедат алтернативни правци на снабдување и Македонија да стане транзитна точка кон Централна Европа.

„Ова е прв пат државата да гради ваков инфраструктурен објект, со свои компании, и токму тоа е нашата цел – државни капацитети, со домашни ресурси. Најдобро би било и другите стратешки проекти да ги реализираме самите“, порача Божиновска.

Посебно внимание се посветува на Чебрен и Галиште – еден од најдолговечните, но и најстратешки енергетски проекти. Според министерката, сите можности сериозно се разгледуваат: колкава да биде браната, каков да биде системот, колку ќе чини изградбата, и како најдобро да се пристапи до конечно решение.

„Сакам да бидеме крајно прецизни во проценките. Работна група од истакнати инженери, професори и експерти, кои учествувале и во реализација на последните државни енергетски капацитети, веќе ја разгледува целата документација за Чебрен за да дојдеме до најдоброто решение.“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека најдобра опција е државата самата да го изгради Чебрен – било преку кредити или друг модел на финансирање. Но, како што рече, „ова дополнително ќе се одлучува“, особено ако се земе предвид состојбата со буџетот што била затекната при преземањето на ресорот.

Паралелно со крупните проекти, сериозно се работи и на стабилизирање на преносната мрежа и инвестиции во нејзино зајакнување. „Без силна преносна мрежа, сите нови капацитети се залудни. Внимаваме и на зачувување на мрежата, но и на нејзина модернизација и отпорност“, рече министерката.

Божиновска подвлече дека државата е интензивно ангажирана и во развој на обновливите извори, но напомена дека само тоа не е доволно.

„Обновливата енергија е одлична, но ја има само кога има сонце или ветер. Нам ни треба базна енергија и во зима и навечер. Затоа со новиот Закон за обновливи извори ќе воведеме обврска сите нови објекти да имаат минимум 20% капацитет во батерии. Тоа е системски пристап, не само инвестиции без план“, потенцира Божиновска.

Со новите политики и пристапи, Министерството за енергетика планира да создаде одржлив, стабилен и пред сè државен енергетски систем што ќе биде темел за економски развој и сигурност во следните децении.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
Македонија

НОВИТЕ ТЕРАПИИ ЗА ПАРКИНСОНОВА И ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ МОРА ДА

02/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46524
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот

02/11/2026

Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА БАНКА Славески најави посебни шалтери

02/11/2026

Пензионерите и другите клиенти на Алта банка што немаат платежни картички ќе можат да подигнуваат по 20.000 денари со едно

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

02/11/2026

Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе контроверзни ставови за жените, брачните односи и семејното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy