Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ИМА ЛИ ЛЕБ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ? Граѓаните во недоумица, како ќе влијаат последните одлуки на Владата?
Економија

ЌЕ ИМА ЛИ ЛЕБ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ? Граѓаните во недоумица, како ќе влијаат последните одлуки на Владата?

01/03/2023

AA

Ќе го прекинат ли
компаниите производството на леб како што најавија или сепак ќе се изнајде
заедничко решение со Владата. Оваа енигма се наметна по вчерашната одлука на
Владата дека се замрзнуваат цените на лебот за пакување до 450 грама.

За експертите
одлуката била неминовна, и велат компаниите кои би работеле со загуби можат да
побараат привремено менаџирање.

– 
Ова е
нужен и логичен потег од страна на власта во контекст кога производителите на
прехрамбени производи земаа субвенции, а ништо не испорачува. Ова е еден од
механизмите кои власта мораше да ги изигра, а ако производителите мислат дека
ова снижување и замрзнување на цените ќе биде под нивото на рентабилност, а не
под нивото на екстра профити, може да побараат од власта да воведе принудна
управа, или привремено менаџирање
на нивните фирми додека трае кризната ситуација
со прехрамбените производи, бидејќи тие кажаа дека таа цена е под нивото на
рентабилност – вели економистот Здравко Савески.

Савески за Фактор
посочува дека со одулката на Владата ќе страда профитот на компаниите, но
прашањето е дали со неа се загрозува и рентабилноста на компаниите.

– 
Власта
во ниеден случај не смее да дозволи затворање на компаниите, мора да има план
за принудно управување со нив, ако капатилатистите се дрзнат во заштита на
нивните профити да го стопираат производството барем на одреден период.
Тоа е
еден феномен кај нас, најчесто кога власта најавува некои мерки кои не им
одговараат, посочуваат дека немаат друга опција освен затворање на бизнисите,
бидејќи е под нивото на рентабилност. Мора да одиме малку понатаму од повторување
на тезите, ако е стварно загрозена рентабилноста, може да побараат привремено
менаџирање, па да видиме што ќе испадне со нивните екстра профити – посочува Савески.

За потсетување
вчера премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши најавија замрзнување на цената на лебот, но и укинување на субвенционираната
цена на електрична енергија за домашните производители на прехрамбени продукти.

Колку оваа одлука
може да придонесе кон влошување на состојбите на пазарот, дали укинувањето на
субвенционираната енергија за домашните компани ќе резултира со нов раст на
цените на продуктите во малопродажба?

Савески вели
укинувањето на субвенционираната цена е логичен чекор, но и дури благ бидејќи
владата не бара враќање на субвенциите од производителите кои не ги намалија
цените.

– 
Ако
плаќате за одредена услуга, а не сте ја добиле, очекувано е да си ги барате
парите. Затоа велам, благо е што само се стопира евтината енергија, дури треба
и да бара враќање на срредствата од оние кои не намалија цени на продукти. Цената
на струјата, како и на природниот гас паѓаат на светските берзи се намалија, а паѓаат
и цените на храната. Според ФАО десет месеци по ред имаше намалување на цените
на храната, а нашите производители во услови на пад на светските цените на
храната, во услови на субвенционирана струја не ги намалија цените.
Ова беше
неиздржлива ситуација и крајно време беше власта да преземе некакви чекори –
вели Савески.

Тој посочува оти на
пазарот може да се појави недостиг на одредени продукти поради две причини,
едната е ако компаниите организираат бојкот на одлуката на владата, за што владата
мора да има план како ќе реагира. Но, тој укажува и на опасноста на долг рок
која се наметнува поради климатските промени.

– Во иднина веројатно
ќе се соочиме со дисбаланс на понудата и побарувачката, т.с. помала понуда, што
може да предизвика не само пораст на цените, туку и недостиг, и затоа ова е
крајно време државата да преземе нешто во врска со тоа
. Ова подразбира поголем
ангажман околу производството на храна, а исто така, подразбира и невообичаени
мерки кои ќе бидат гаранции дека никој нема да се дрзне да остварува екстра
профити во услови на криза и недостиг на производи – посочува Савески.

На вчерашната
конференција министерот Бектеши објави табела со влезните трошоци во производството на леб, и потенцираше дека цената на чиење на лебот со ДДВ и со
маржа за производителот изнесува 32 денари.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

12 години казна затвор за Стојанче Јовановски

07/05/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија со град и сахарска прашина

07/05/2026
Македонија

Денеска пресуда за Стојанче Јовановски: Обвинителството бара максимална казна за

07/05/2026
Македонија

Со музика и порака против насилство: 7 Мај – Денот

06/05/2026
Македонија

Почина спортскиот новинар и коментатор Сами Адеми

06/05/2026
Македонија

ОJO покрена постапка против три лица – осомничени се за

06/05/2026
Македонија

Чаир отстранува над 200 хаварисани и напуштени возила!

06/05/2026
Македонија

МРТ отвора врата за нов кадар: се бараат новинари, сниматели,

06/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43126
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

12 години казна затвор за Стојанче Јовановски

07/05/2026

Кривичниот суд го осуди Стојанче Јовановски на 12 години казна затвор. Тој беше обвинет за три кривични дела меѓу кои

Доаѓа невреме во Македонија со град и сахарска прашина

07/05/2026

Македонија влегува во период на значителна метеоролошка нестабилност под влијание на атмосферски фронт кој пристигнува од Алпите. Според временската прогноза,

Денеска пресуда за Стојанче Јовановски: Обвинителството бара максимална казна за семејно насилство и наведување на

07/05/2026

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се очекува изрекување на пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за серија тешки кривични

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy