Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Два собира во Кочани – едниот со молитви, другиот за поддршка на лицата од обезбедувањето!
Македонија

Два собира во Кочани – едниот со молитви, другиот за поддршка на лицата од обезбедувањето!

18/03/2025

AA

Вечерва во паркот на Револуцијата во Кочани се одржаа два масовни граѓански собири.

Првиот, под мотото „Слобода за нашите херои“, бараше ослободување на притворените лица од обезбедувањето во дискотеката, кои помогнале во спасувањето на жртвите.

„На овој собир сакаме да изразиме и почит кон оние луѓе кои помагаа да се спасат колку што може повеќе деца. Овде го вклучуваме и возачот Иле во Итната медициснка помош, кој се борел да ги превезе и да ги спаси децата, а подоцна легнал да спие и не се разбудил. Исто така, им благодариме на сите други, меѓу кои се и нашите сопрузи и браќа, дел од нив веќе не се меѓу нас, кои помагале во спасувањето. Ние ги нарековме наши херои затоа што да не беа тие ќе имаше уште многу загинати“, истакна Наталија Ѓоргиева, учесничка на собирот.

Вториот собир, предводен од митрополитот брегалнички Иларион, беше посветен на молитва за спокој на загинатите и оздравување на повредените. Тој ги повика граѓаните да учествуваат во молитвите во храмот „Св. Георгиј“ и на заедничкиот погреб в четврток на Градските гробишта.

„Се молиме на Бога да ги прими душите на починатите во рајските населби кај светителите и ангелите, а сите ние со нашите молитви и мисли да бидеме насочени кон нив и смирено и достоинствено да ги испратиме во вечноста. Исто така, да се помолиме неговата милост да се покаже кон нашите болни, што побрзо да добијат исцеление, побрзо да ни се вратат и да бидеме заедно во овоземниот живот. Да ги утешуваме родителите на починатите, затоа што во ова време ни треба трпение, смирение, покјание и љубов, едни со други да си помогнеме“, истакна митрополитот Иларион.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45045
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити градоначалникот, Владата реагираше брзо

16/08/2026

Премиерот Христијан Мицкоски инсистира јавно да се објави официјалниот извештај и анализата што потврдуваат дека водата во Гостивар е безбедна

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

16/08/2026

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026

Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy