Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Два дена пожари на нови депонии во Тетовско, подрачјето повторно се гуши во чад и смрдеа
Македонија

Два дена пожари на нови депонии во Тетовско, подрачјето повторно се гуши во чад и смрдеа

10/09/2023

AA

Територијалната противпожарна единица Тетово вчера и денес повторно интервенира на повеќе пожари што се појавија на депонии, а најголема од сите која беше видлива дури од градот и автопатот кон Скопје беше кај Добарце, Општина Желино. Покрај Добарце, горат депонии и кај Јеловјане и Гајре.

Два дена трае борбата на пожарникарите кај Добарце, и покрај тоа што имаат помош од општината со механизација.

-Противпожарната единица Тетово само денес имаше 11 пожари, а од вчера се справуваме со пожарот кај депонија кај Добарце. Се ангажираше општината со фирми, донесоа багери и механизација, се трудиме да се гаснеме, со вода а тие потоа затрупуваат со земја. Навистина не можеме да се справиме со сите овие толку големи пожари. Цел Полог гореше, сите ние треба да ги изгасиме, ниедна институција не излегува на пресрет, за да ни помогнеме, ни ЦУК ни ДЗС, а сите се на отворено, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Според Амети, голема трагедија е спречена на пожарот на отворено над Тетово, односно улицата „146“.

-Најтешкиот беше на улица „146“ каде на отворено гореше, голем пожар за малку ќе фатеше неколку куќи, а сите таму се залепени објекти. Денес беше чудо. Намерно палат за забава и оставаат огнови, па после ние се бавиме со шумски пожари. Ќе имаме тополи денови да не се палат огнови на отворено, се надевам на дожд затоа што е премногу за нас. Многу е ризично, сушно е, а не сфаќаат дека е сериозна работата, со палење на сметот по ниви и во шуми, изјави Амети.

Поради повеќето пожари на смет, повторно и низ Тетово се чувствува смрдеа, а има и чад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy