
Двајца полицајци загинаа во хеликоптерска несреќа на југот на Турција
Двајца полицајци загинаа, а еден е повреден во хеликоптерска несреќа на југот на Турција, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Хеликоптерот се урнал во саботата околу 22 часот и 30 минути, на летот од Хатај кон Газиантеп.
Повредениот техничар е примен во болница, соопшти министерот за здравство Фахретин Коча, пренесува Ројтерс.