Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ со осуда: Прием на нови вработени во Централен регистар, ниту еден не е Албанец!
Македонија

ДУИ со осуда: Прием на нови вработени во Централен регистар, ниту еден не е Албанец!

18/05/2025

AA

Демократската унија за интеграција најостро го осудува решението на Централниот регистар, како државна институција, за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец меѓу нив, иако институцијата сѐ уште не ја има исполнето уставната обврска за правична и адекватна застапеност.

„Овој развој е директна последица на укинувањето на Балансерот, механизам што беше суштински за обезбедување еднаквост и мултиетничка застапеност во јавната администрација.

Наместо да се подобри состојбата, таа намерно и системски се влошува.

ДУИ потсетува дека ваквите практики претставуваат тешко кршење на Уставот и Охридскиот рамковен договор, и ги подриваат темелите на демократскиот соживот и европските вредности.

Упатуваме итен повик до моноетничката влада веднаш да го прекине овој опасен тренд и да ги врати механизмите на еднаквост и правда во државните институции.

Што се однесува до т.н. остатоци од ВЛЕН во Владата, јасно е дека никој не ги прашува, ниту пак им бара мислење за каква било институционална одлука.

Тие немаат ниту влијание, ниту авторитет.

Единственото што го прават е со срамна тишина и покорност да ја легитимираат оваа дискриминаторска влада.

Секој што продолжува да ја легитимира оваа влада – било со учество, било со молк – е соучесник.

Оваа влада има погрешен правец, и Албанците не треба да бидат неми жртви, туку активни носители на отпорот“, велат од ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy