
ДУИ нема да бара оставка од градоначалникот Мерко, велат тоа е волја на граѓаните
Во ДУИ е замрзнато членството на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и понатаму институциите ќе ја вршат својата работа.
Ова го изјави претседателот на Собранието Талат Џафери на брифингот со новинарите запрашан дали партијата ДУИ ќе го повика на одговорност Мерко и ќе му побара оставка од функцијата градоначалник.
реклама
„Нема да се мешаме во оваа област бидејќи функцијата градоначалник произлегува од волјата на граѓаните“, додаде Џафери.