Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Анима Мунди: Случајот со Феликс беше тест – за институциите, за моралот, за државата
Македонија

Анима Мунди: Случајот со Феликс беше тест – за институциите, за моралот, за државата

15/07/2025

AA

За првпат во Македонија, убиство на животно завршува со затворска казна, велат од Анима Мунди во соопштение до јавноста.

„Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на три месеци ефективен затвор за свирепото убиство на Феликс, а неговиот соучесник, Бранко Билбиловски, доби глоба од 1000 евра.

Феликс почина на 7 јануари 2025 година, од последици на брутално насилство.

Анима Мунди и ЈП Лајка поднесоа кривична пријава, а денес добивме прва пресуда со затвор за убиство на животно. Ја добивме сите ние, што не молчевме. Во името на Феликс. Во име на сите животни кои никогаш не добиле правда.

Драги хумани граѓани, ова не е само судска одлука. Ова е правна пресвртница.

Недоволна – да. Но гласна, недвосмислена и прва. И нема да остане последна.

Оваа пресуда испраќа суштинска порака: дека животното не е предмет, дека насилството ќе носи последици. Дека владеењето на правото не е празна флоскула, туку мора да има вистинска тежина – особено кога општеството е сведок на системско молчење и отсуство на одговорност. Дека повеќе не може секој монструм да гази, убива и мачи без последици.

Судијката Лидија Петровска изјави: „Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост. Со изрекување на ефективна казна затвор се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат.“ Порака која е важно да се слушне гласно. Која сакаме да ѕвони во ушите на секој што мисли дека насилството врз животно е „ништо“.

Затоа што злосторства нема да остануваат неказнети. Никогаш повеќе.

Случајот со Феликс беше тест – за институциите, за моралот, за државата.

Денес, системот покажа дека може да биде на страната на хуманоста, кога постои волја“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy