Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сите студенти ќе добијат ваучер од 250 евра за електронски уреди: Нов закон поднесен во Собранието
Македонија

Сите студенти ќе добијат ваучер од 250 евра за електронски уреди: Нов закон поднесен во Собранието

15/07/2025

AA

Сите студенти во Македонија, без разлика дали студираат на државен или приватен универзитет, наскоро ќе можат да добијат вредносен ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди. Оваа финансиска поддршка е предвидена со новиот Закон за издавање на вредносни ваучери за студентите, кој денеска беше официјално поднесен во Собранието на Република Македонија.

Со законот се предвидува сите редовни и вонредни студенти до 29 години, запишани во учебната 2025/2026 година на државни и приватни високообразовни установи, да имаат право на ваучер кој може да се искористи за набавка на персонален компјутер, лаптоп или таблет.

Вкупната вредност на ваучерите изнесува 850 милиони денари, а секој поединечен ваучер ќе биде во износ од 15.300 денари (околу 250 евра). Според законското решение, ќе се доделат вкупно 55.000 ваучери.

„Целта на овој проект е јасна – поддршка за дигитална писменост, подобри услови за студирање и еднаков пристап до технолошки алатки за сите студенти во државата“, порачаа предлагачите на законот.

Со оваа мерка се очекува да се олесни пристапот до модерна технологија и да се унапредат можностите за квалитетно образование и развој на младите луѓе во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy