АФРИКАНСКА ЧУМА ЗА ПРВ ПАТ СЕ ПОЈАВИ ВО ХРВАТСКА: Опасната зараза се шири по селата покрај Сава
За прв пат во Хрватска во селата покрај Сава се појави
африканска свинска чума, јавуваат хрватските медиуми.
На сите сопственици на свињарски фарми им е посочено дека
мора строго да се придржуваат до сите пропишани мерки, како и мерките што ги
одредуваат Министерството за земјоделство и Ветеринарната инспекција.
„Секое угинување или заболување на свињи мора веднаш да се
пријави кај ветеринарот. Строго е забрането закопување на мртви свињи или
одземање на трупови без претходно известување на ветеринарот“, се вели во
соопштението.
ФОТО: Unsplash/Annie Spratt