Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Извршителите лани од македонските граѓани наплатиле 145 милиони евра, профитот им е 4 милиони евра
Македонија

Извршителите лани од македонските граѓани наплатиле 145 милиони евра, профитот им е 4 милиони евра

27/06/2023

AA

Минатата година по разни основи, присилно се наплатени над 145 милиони евра. Тоа е сумата што ја реализирале 100 извршители за долговите што ги направиле физички и правни лица, но и државата. Од фирмите должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку од државата – 23,4 милиони евра, покажува анализата на Пари.

За извршителите се смета дека одлично заработуваат на „туѓата мака“. Што и не е далеку од вистината, а потврда за тоа се и податоците до кои дојде порталот Пари.

За услугата „наплата на долгови“, извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци, им останал чист профит од околу 4 милиони евра.

Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надомест за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Сепак, мора да се нагласи, овие износи се без пресметан ДДВ.

Тоа е општата, заедничка слика за извршителите. Но, во зависност од тоа колку предмети добиле и реализирале, така остварувале и приходи.

ТОП 10 извршители по приходи:

ПРОЦЕНТОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА Е 38,2%

Од судовите во државата извршителите лани примиле 152.079 барања за извршување. Целосно се завршени 58.201, со што процентот на реализација е 38,27 отсто. Речиси половина од износот е со скопско потекло. Со извршување на барањата од Основниот граѓански и од Основниот кривичен суд, од странките се наплатени 73,5 милиони евра. Извршителите оперираат на 11 територии, но другите, според износите, заостануваат зад главниот град. Како пример, сумата од 11,8 милиони евра е на втората позиција, но постигната е со здружени сили, односно со извршувањата по налози на основните судови од Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во

18/09/2026
Македонија

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат,

18/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ

18/09/2026
Македонија

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги

18/09/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и

18/09/2026
Македонија

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСУДЕНИК ЗА „ЛАСКАРЦИ“ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА КРИВИЧЕН ИЗЛЕГУВА ОД

18/09/2026
Македонија

ВРХОВЕН ОБЈАСНИ ЗОШТО Е УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ Апелација не

18/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ НИ ТРЕПНА КОГА СО ЗАЕВ ГО ПРОДАДОА ИМЕТО

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45671
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во Скопје функционерите тргнуваат на 14

18/09/2026

Две години работа на функционерите на ЗНАМ ќе бидат ставени на отчет пред граѓаните, прво утре во Скопје, а потоа

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат, потоа доаѓа постуден воздух

18/09/2026

Времето в сабота, 19 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ Мицкоски откри дека се разговара

18/09/2026

Македонија е врвен приоритет на САД во регионот, а од стратешкото партнерство во следните години треба да произлезат капитални проекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy